421
Приватните превозници се подготвени да почнат со вршење на превозот оној момент кога ќе им биде расчистен долгот, односно барем некој дел од долгот за да може да се надмине целата оваа ситуација.
Ова денеска го изјави директорот на „Слобода првоз”, Ленин Јовановски пред медиумите.
„Денеска одлучија да ја демантираат градоначалничката со нејзините изјави за кои што тврдеше дека приватните превозници имаат 70 автобуси. Тоа вчера го демантиравме на прес- конференција и со документи, а и тука, за да ги види во живо дека се тие околу 200, и, исто така, граѓаните да ги видат. Токму затоа и нема некоја посериозна блокада, туку, како што гледате, е дозволен проток на движење на возилата“, рече тој.