Директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, чии превозници трет ден го блокираат Скопје, вели дека никој нема да се пријави на јавниот оглас на Град Скопје за линиите 20 и 22. Тој ќе побарал и да биде повлечен од директорката позиција во „Слобода превоз“ за целата ситуација да не добива политичка димензија.
-Никој, претпоставувам, од превозниците нема да се јави, ниту од постојните, ниту некој нов. По логиката на нештата, кој би сакал да влезе, да врши работа, да биде во јавниот превоз и после неколку месеци да ви кажат: „Тужете нѐ за долгот, ќе ви ја одземеме работата“. Јас ќе понудам пред превозниците да се повлечам и како Ленин Јовановски и како „Слобода превоз“ од понатамошните процеси, ако веќе тоа беше некаква пречка“, вели тој.