Бојан Јовановски, сопственикот на 1ТВ и БМЈ Медиа груп беше гостин во Централнот дневник на неговата телевизија по денешната прес-конференција ма Зоран Азманов на која тој обвини дека од него бил побаран рекет од 50 илјади евра или стан.
„Се работи за лиценциран формат, не станува збор за обична туку авторска емисија лиценцирана од група на автори и нема бегање од тие стандарди, кога телевизијата платила финансиски средства, мора да се придржуваме до тие стандарди, кои се на највисоко ниво и нетипични за Македонија. Единствено што јас се чувствувам должен да објаснам е дека сум повикан бидејќи сум јас по себе јавна личност сопственик на 1тв. Имаме секојдневни закани притисоци на разни начини пробуваат да не замолчат односно практично непочнат да го спречат Македонскиот инсајдер. Не сум човек кој ќе се заплаши. Секој еден кој ќе биде третиран во една од емисиите, ќе има право да застане пред камера и да ја одбрани својата чест углед и да го каже својот став“, рече Јовановски.
Сопственикот на 1ТВ откри дека имал понуда за разговор во четири очи со Азманов, но и дека простор за договор и поткуп нема.
„И вие и сите оние кои ме знаат малку повеќе знаат дека не е мој стил особено не за тие 50 000 евра или стан. Точно е дека два пати бев побаран од негова страна и немаше простор за разговор бидејќи ние имаме некакви материјали докази и факти со кои располагаме. Јас му кажав дека нема поростор за договор. Тој беше оној кој ми рече да се видиме во четири очи и да се договориме. Јас тврдам дека простор за поткуп и нема“, додаде Јовановски.