Јовановска си поднесе оставка: Јас сум легалист и сакам да послужам како пример и за останатите да ги почитуваат позитивните законски прописи

by fokus

Новоизбраниот член на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации Јасминка Јованоска, која е сопруга на еден од сопствениците на 1ТВ и мајка на Бојан Јовановски (Боки 13) денеска се повлече од функцијата. Оставката ја достави до Архивата на Собранието на  Република Северна Македонија со образложение дека тоа го прави од лични и семејни причини.

– Ве известувам дека од лични и семејни причини одлучив да ја поднесам оставката. Најостро ги осудувам сите тенденциозни написи во кои бевме предмет на анализа јас и целото мое семејство. Јас сум легалист и сакам да послужам како пример и за останатите, во слична ситуација да ги почитуваат позитивните законски прописи, се вели во образложението на Јованоска.

Откако Јованоска беше именувана на функцијата, Агенцијата за медиуми најави дека ќе поведе постапка против „1ТВ“ повикувајќи се на членот 38 од Законот за аудио и аудиовизуелните медиуми. Во него се вели „политички партии, државни органи, јавни претпријатија, носители на јавни функции и членовите на нивните семејства не може да вршат радиодифузна дејност, ниту да бидат основачи, соосновачи или да добиваат учество во сопственоста на радиодифузерите“.

Поврзани новости