Јовановиќ жестоко кон власта: Тоа што сакате да ја продадете Пошта само покажува колку ви е гајле

by fokus

Професорот Бранимир Јовановиќ вечерва преку Фесјбук реагираше на намерата на Владата да ја приватизира Македонска пошта.

-Тоа што сакате да ја продадете Пошта само покажува колку ви е гајле. И за Пошта, и за државата, и за луѓето. Да, знаеме дека работи со загуби. Знаеме и зошто. Затоа што поставувате за директори неспособни и незаинтересирани партиски кадри, кои гледаат само како да стават повише во својот џеб. Ама ако ви е гајле, ќе ја средите. Ќе направите да работи со добивка, како што работат сите други пошти во светот. Тоа и не е толку тешко, со оглед на нејзиниот имот и нејзината доминантна позиција на пазарот. Треба само да се сака. Ама не, не се сака. Не се сака сите изминати 30 години. И после зошто државата пропаѓала и зошто луѓето се иселувале…, пишува Јовановиќ.

Поврзани новости