Јовановиќ за Фокус: Добро е што синдикатите почнаа да се будат

by Fokus

Работничките права во Македонија се меѓу најниските во Европа, и тоа не е мое лично мислење, туку е емпириски факт, потврден од сите релевантни меѓународни рангирања, вели за „Фокус“ Бранимир Јовановиќ, професор на Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

-Според Меѓународната конфедерација на синдикатите, Македонија е класифицирана како земја во која редовно се кршат работничките права, и само неколку европски земји се рангирани полошо. Тоа е така затоа што изминатите три децении правата постојано се намалуваат од страна на секоја власт, дополнува тој.

Според Јовановиќ работите малку се смениле со сегашната власт, со покачувањето на минималната плата и прогласувањето на недела за неработен ден.

– Но за жал последниве месец и нешто видовме негирање на сето тоа, со одбивањето да се покачат останатите плати (што всушност е законска обврска), и со разните притисоци против штрајковите, додава тој.

Според него спорно е и што новиот закон за работни односно се уште не е донесен, иако како што додава беше едно од главните ветувања на оваа гарнитура на изборите во 2016.

-Она што е добро е што работниците и синдикатите конечно почнаа да се будат. Се надевам дека ќе продолжат така, зашто работничките права не се добиваат, туку работнилките права се земаат, вели Јовановиќ.

Поврзани новости