Бројката од 324.000 граѓани на кои Владата ќе им додели платежни картички претставува поразителна статистика, вели економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ, кој е поранешен советник во Министерството за финансии. Според него, на ваков начин на граѓаните им се даваат, како што вели, трошки наместо системски да се решаваат проблемите.
-Дефинитивно е поразителна статистиката, со тоа што мислам дека бројките се уште полоши од ова, бидејќи во оваа бројка не се влезени и пензионерите. Голем дел од пензионерите, веројатно една половина, односно 150.000 имаат пензии кои се помали од 15.000 денари. Официјалната стапка на сиромаштија во државата е околу 22 проценти, односно 455.000 кај нас живеат во релативна сиромаштија, а според Светска банка, апсолутната сиромаштија во земјава изнесува 110.000, односно толку граѓани живеат со помалку од 40 денари на ден – изјави тој во ТВ 21.