Јовановиќ: Со „Викенд без ДДВ“ ќе се рашири вирусот и најмногу корист ќе имаат богатите

by fokus

Советникот на претходниот министер за финансии, Бранимир Јовановиќ на својот Фејсбук профил ја искритикува новата мерка на Владата за викенд без ДДВ за сите граѓани. Предупредува дека со оваа мерка постои опасност да се рашири вирусот, ќе доведе до пад на буџетот, а најмногу корист ќе имаат богатите.

– „Викенд без ДДВ“ е многу лоша мерка, по повеќе основи.

1. Таа ќе направи ужасни гужви по продавниците, што може многу да го рашири вирусот.

2. Мерката ќе доведе и до значаен пад на буџетските приходи, зашто луѓето купувањето на многу производи ќе го одложат за тој викенд кога нема да се плаќа данок.

3. Од мерката многу повеќе корист ќе имаат побогатите, тие ќе ја искористат за да си купат поскапи производи без данок.

4. Мерката ќе доведе и до легализација на даночната евазија, односно ќе им овозможи на фирмите прометот кој не го пријавиле претходните месеци да си го пријават тој викенд без да платат данок.

Сме ја дискутирале меркава уште јас кога бев во Министерството, и тогаш успеавме да ги разубедиме останатите од Влада да отстапат од неа. Се надевам ќе отстапат и сега, бидејќи сега штетата би била уште поголема, пишува Јовановиќ.

Поврзани новости