545
Премиерот Зоран Заев му понудил на лидерот на спрската Либерално-демократска партија на Србија, Чедомир Јовановиќ, да биде советник за регионални односи и европска интеграција во неговиот кабинет, објави белградски Блиц.
Според весникот, Јовановиќ се уште не одговорил на понудата на Заев, но тој на на Заев веќе му понудил создавање на регионална коалиција за мир.
Во оваа коалиција, како што пишува Блиц, би влегле претставници на Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, со цел да ја форсираат европската агенда.