Јовановиќ: И физичките лица ќе треба да плаќаат ДДВ

by Fokus

Физичките лица кои остваруваат промет повисок од еден милион денари мора да плаќаат ДДВ и за тоа не треба да има никакви дискусии или дилеми, вели советникот во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ, во изјава за Алсат.

Додека во стручната јавност има низа дилеми околу тоа кои категории граѓани треба да бидат ДДВ обврзници, Јовановиќ е категоричен: „Обврзник е секое лице кое врши самостојна стопанска дејност.“

И тука нема никаква промена направена во изминатиов период. Ова е од секогаш, од самото донесување на законот за ДДВ односно од 1999 година. Прашањето што се поставува е зошто ова порано не се спроведувало? – додава Јовановиќ. 

Поврзани новости