Јовановиќ: Го намаливме долгот за 55 милиони евра

by Фокус

Откако влеговме во министерството, се задолживме и раздолживме 4 пати, така што го намаливме долгот за 55 милиони евра, кој, за споредба, во претходните 11 години порасна за 3 милијарди евра, вели Бранимир Јовановиќ од Министерството за финансии.

„Откако влеговме во Министерството, се задолживме 4 пати. На 6 јуни 8,1 милиони евра, на 20 јуни 5,6 милиони евра, на 27 јуни 19,5 милиони евра и на 4 јули 27,2 милиони евра. Вкупно, 60 милиони евра. Но, се раздолживме исто така 4 пати – 8,1 милион евра на 7 јуни, 5,6 милиони евра на 21 јуни, 18,8 милиони евра на 25 јуни и 7,8 милиони евра на 5 јули. На 5 јули вративме и долг на Дојче Банк, од 75 милиони евра. Вкупно, вративме 115 милиони евра. Значи, за овие месец дена, сме го намалиле долгот за вкупно 55 милиони евра. Или, 1,8 милиони евра дневно, 76000 евра на саат, 21 евро во секунда. За споредба, во претходните 11 години, долгот порасна за 3 милијарди евра, односно растеше 270 милиони евра годишно, 740000 евра дневно, 9 евра во секунда“, напиша Јовановиќ на фејсбук.

Тој посочува оти на новата влада не и треба штедење, туку одговорно трошење на јавните пари.

Поврзани новости