83
Пратеникот Јован Митрески со 64 гласови „За“ и 40 „Против“ е избран за претседател на Собранието на Македонија.
Тој на оваа позиција доаѓа на местото на идниот мандатар на техничката влада Талат Џафери и на таа функција ќе остане до крајот на мандатот на овој парламентарен состав.
Претходно, пратениците ја констатираа оставката на спикерот Џафери од претседателската функција, а констатирана е и оставката на Димитар Ковачевски од премиерската функција.
Ковачевски и Џафери не ги образложија своите оставки.
Ковачевски и Џафери оставките ги поднесоа вчера како вовед на изборот на техничката влада на 28 јануари, сто дена пред парламентарните избори на 8 мај годинава.