152
Јован Деспотовски поднесе оставка на функцијата директор на Технолошко индустриско развојните зони, два дена по поразот во трката за претседател на најголемата опозициска партија СДСМ.
„Поднесувам оставка на функцијата директор на ТИРЗ, мандатот ми истекува во декември, но веќе имаме нова политичка реалност“, рече денеска на брифинг со новинарите, Јован Деспотовски.
Деспотовски додаде и дека немал никаков притисок од „политичкиот опонент“.
„Ова што кулминираше деновиве, бара мој целосен ангажман“, рече Деспотовски.