Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски објави дека е позитивен на Ковид-19.
-Вчера доцна вечерта добив позитивен тест на Ковид-19. Се чувствувам добро, а од дома ги вршам сите тековни активности и обврски. Благодарам за грижата на семејството, матичната лекарка, како и огромниот број пријатели кои се нудат за помош во овие моменти, напиша Деспотовски на Фејсбук.
Директорот нагласува дека ФИТР ќе продолжи да работи во различни смени без дополнителни физички контакти.
-Како и секој пат кога се појавило сомнеж, а според препорака на епидемиолозите ќе биде спроведено тестирање за вработените, како и преземање на мерки за изолација секаде каде што ќе биде тоа препорачано.
Поддршка за сите кои во моментов се борат со вирусот. Ќе успееме заедно! Сите други чувајте се и останете во добро здравје!“, додаде Деспотовски.