123
Еден од кандидатите за нов претседател на СДСМ – Јован Деспотовски денеска преку социјалните мрежи објави видео во кое објаснува дека вчера имал, како што вели, мала здравствена криза поврзана со слепото црево.
Операцијата, како што објаснува Деспотовски, поминала како што треба и поради тоа морал да ги откаже сите теренски активности.
„Веќе во текот на денешниот ден сме оперативни и во 19 часот продолжуваме со лајв чет за сите предлози и коментари кои ќе ги имаме. И од утре секако продолжуваме со иста динамика и темпо во теренските посети, бидејќи навистина успеавме во изминатите неколку недели да покренеме еден сериозен бран на енергија и на желба за промени. Нема да ве разочарам продолжуваме понатаму заедно“, порача Деспотовски.