Имаше нешто недокажано во вчерашната забелешка на премиерот Кирил Петков, го коментира потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова барањето на бугарскиот премиер да се свика Совет на националн безбедност на земјата по повод актуелната ситуација со Македонија и преговорите за спорот.
-Вчера премиерот оваа одлука ја оправда со меѓународен притисок, но не даде можност да се слушат други аргументи – има ли промена на условите, има ли нови резултати од Северна Македонија?“, праша бугарската потпретседателка.
„На 10 јануари имаше речиси 5-часовен состанок на Консултативниот совет, по што излезе со консолидирана национална позиција со два елементи – дека не можеме да се посветиме на роковите, дека чекаме конкретни резултати. Ако премиерот има аргументи во оваа насока, добро беше да се слушнат. Неговите аргументи беа разгледани вчера. Ако владата постигнала гаранции и договори, треба да ги знаеме“, изјавила Јотова, пренесува бугарска „Сега“.
Петков вчера го повика претседателот Румен Радев да свика Советодавниот совет за национална безбедност. Бугарскиот премиер во видеообраќање истакна дека владата нема да направи ништо без широк национален консензус и во согласност со коалицијата.
Во врска со изјавата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји дека очекува Бугарија во рок од неколку недели да даде зелено светло за пристапување на Северна Македонија, Петков истакнал:
-Мора јасно да се каже дека како премиер јас не преземам никакви обврски сам. Одлука носи коалицијата, откако ќе помине во МНР, предлогот да влезе во парламентот, таму да се одлучи, па потоа може да се преземат заложби.З начи постапката е многу јасна. Лажна вест е дека премиерот имал некаква независни договори и се залагал сам, вели Петков.