Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова во интервју за бугарски медиум рече дека се надева дека новата бугарска влада ќе продолжи да ја брани бугарската позиција за Македонија, но дека не е оптимист за тоа.
-Многу се надевам дека новата бугарска влада нема да потклекне и ќе продолжи да ја брани бугарската позиција, која повеќепати е потврдена во различни институции. Не сум оптимист бидејќи гледам одредени двоумење и кај нашите европски партнери, како темата за Македонија да е веќе здодевна. Таа може ним да им е здодевна, но за нас тоа е тема од национален интерес за Бугарија, рече Јотова.
Таа ја повика Македонија да го исполни условот и да ги впише Бугарите во Уставот и додаде дека не постојат никакви други барања, освен тоа што како обврска врз основа на францускиот предлог го имаат преземено Скопје и Софија.