Од денеска си под заштита на Бугарија и граѓанин на Европската Унија (ЕУ), му рече бугарската потпретседателка, Илијана Јотова која лично му ги врачи документите на Христијан Пендиков, поранешен генерален секретар на згаснатиот бугарски клуб со контроверзно име „Цар Борис Трети“. Свеченоста беше пренесувана во живо на Фејсбук, преку профилот на Бугарското национално радио и се одржа со највисоки почести.
Пендиков, кој е роден во Охрид, во јануари оваа година беше нападнат, наводно, поради тоа што се чувствувал како Бугарин. Во јавноста излегоа информации дека нападот се должи и на нерасчистени сметки меѓу него и напаѓачите, но настанот набрзо доби политичка конотација. Бугарија испрати и воен авион по него во Охрид со кој беше превезен на лекување во Софија.
Против него се води предмет во охридското обвинителство поради омаловажување на македонскиот народ и Македонија.