Од денеска до 16 септември потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова ќе престојува во Република Албанија. Бугарските медиуми јавуваат дека посетата на потпретседателката е во пресрет на националниот попис на населението во Албанија – „важен момент за бугарското национално малцинство“.
Јотова беше првиот бугарски државник кој ја посети бугарската заедница во Албанија веднаш по нејзиното официјално признавање во 2017 година.За време на посетата во Тирана ќе биде промовирана книгата на Спас Ташев „Бугарите во Албанија“.
Во Голо Брдо, во селото Големо Острени, Јотова ќе се сретне со претставници на бугарското национално малцинство, а во Елбасан бугарската потпретседателка ќе ја отвори новата учебна година во бугарско неделно училиште, соопшти прес-службата на бугарското претседателство.
Во Тирана планирани се средби со претседателот Бајрам Бегаи, со вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку, со претседателката на Собранието Линдита Никола, со министерот за внатрешни работи Таулант Бала. Јотова ќе разговара со ректорот на Универзитетот во Тирана, проф. Артан Хоџа, каде се изучува бугарскиот јазик.