Јосифовска: По налог на Катица Јанева потпишав да му се врати пасошот на Камчев

by fokus

Обвинителката Елизабета Јосифовска, чиј технички потпис стои во име на Специјалната обвинителка Катица Јанева на мислењето да му биде дадена времена патна исправа на осомничениот во „Империја“ Орце Камчев во мај 2019, за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека тоа е одлука на Јанева и ни таа, ниту другата заменичка за технички потпис Ленче Ристоска, немаат овластувања одлуките на Јанева во нејзино име да одбијат да ги потпишат.

-За конкретниот случај, за давањето времен пасош на осомничениот во ‘Империја’ Јордан Камчев од Основниот суд Скопје 1 стигна барање за мислење до специјалната обвинителка Катица Јанева на 2 мај 2019 година. Камчев бараше да му биде издадена времена патна исправа. Јанева тогаш беше на одмор. Кај мене стигна готово мислење од Јанева, изготвено од соодветни стручни соработници. Ми беше донесено само на потпис, тврди обвинителката Јосифовска, заменичката на Јанева за некруцијални акти на СЈО.

Поврзани новости