Јошевска за „Фокус“: Дисциплинската е спас за Русковска – и волкот сит и овците на број

by fokus

Дисциплинската постапка е спас за шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска и начин за и волкот да биде сит и овците да се на број.

Нејзиниот мандат секако истекува во ноември, вели во интервју за неделникот „Фокус“ адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска за одлуката на републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески да поведе дисциплинска постапка и да ја суспендира Русковска по претресот во Финансиската полиција.

 -Не очекувам Русковска да биде разрешена, иако не е исклучена можноста. Со оглед на тоа дека е отстранета од позицијата до решавање на кривичната пријава, очекувам брзопотезно да биде отфрлена кривичната пријава против неа со образложение дека е сторен дисциплински престап, а не кривично дело. Дисциплинската постапка е спас за Русковска и начин за и волкот да биде сит и овците да се на број. Нејзиниот мандат секако истекува во ноември, вели Јошевска-Анастасовска.

Таа во интервјуто ја коментира вербалната војна меѓу главните луѓе на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми којашто резултираше со суспендирање на главната обвинителка што гони највисок криминал и повлекување на директорот Муареми.

Целиот интервју прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Фросина Факова-Серафиновиќ

Поврзани новости