Јорданов за обвинетите во “Шпион”: Не кажуваа сума, но велеа дека малку сум платил

by fokus

Откако бизнисменот Минчо Јорданов на денешното судење за случајот “Шпион” сведочеше за тоа како го запознал обвинетиот Зоран Божиновски, тој појасни и за неговата соработка со обвинетиот  Миќо Насковски.

Објасни дека Насковски го ангажирал како експерт за купување на компанијата “Бетон”.

-Го купивме “Бетон” но пресметките покажаа дека сме го добиле по цена повисока за 20%. Тогаш со Насковски се расправавме со месеци, зошто не беше можно цената за толку да скокне, односно според берзата беше можно само за 10%. Исто така за услугата го платив со 150.000 евра, од кои дел во кеш, рече Јорданов.

Тој додаде дека и покрај недоразбирањето Насковски бил поставен за претседател на бордот на директори.

-Но, бидејќи правеше злоупотреби, односно на сметка на фирмата си купи кондури од 400 евра од Белград, а и пазаруваше во самопослуга, по шест месеци беше сменет, истакна Јорданов, кој додаде и дека при купувањето на компанијата Насковски од Зоран Азманов побарал и дуплекс стан.

Потоа за да е разреши проблемот, околу тоа дали “Бетон” бил претплатен за 20% бил организиран состанок на кој присуствувале дел од обвинетите, но и Зоран Витанов.

– Зоран Витанов ме убедуваше дека цената за која сме ја купиле компанијата е реална и цената била согласно берзата, а дека требало да му исплатам уште пари на Насковски и тоа десетици милиони евра, рече бизнисменот и додаде дека се разделиле во мирна атмосфера.

Иако Јорданов истакна дека не добивал директни закани или уцени, сепак рече дека на секој состанок му кажувале дека не ги исполнил сите обврски, односно дека Насковски придонел за проекти кои му донеле над 30 милиони евра.

-Не се спомена конкретен износ на пари, туку дека сум дал малку пари и дека сум имал обврска уште да дадам пари, но немаше прецизирана сума, истакна бизнисменот.

На парашањето на судијата Владимир Туфегџиќ дали се чувствува за оштетен, за тоа што платил повеќе 20% за компанијата, бизнисменот истакна дека условно да, се чувствувал оштетен, но нема намера да бара компезација.

Судијата Туфегчиќ го праша Јорданов и дали е вообичаено на рака да исплаќал пари и без да прави писмени договори?

-Кешот го исплаќав од моја сметка, а не од сметка на фирмата, истакна Јордановски.

Тој уште еднаш повтори дека од обвинетите не добивал директни закани за да исплати дополнителни средства, но дека постојано следувале објави за него во Буре весник.

 

Поврзани новости