Јорданов: Владата е како Титаник, бродот бил потопен од санта мраз, а владата ќе ја потопи народот

by fokus

Пратеникот Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница ја според новата влада со бродот Титаник.

-Овој предлог за влада слободно може да се нарече како Титаник влада. Велите дека ќе трае оваа влада долго и направена за големи цели и очекувања, со многу пари исто како бродот кој и бил наречен дека е непотоплив, па оттаму и сличноста, рече пратеникот.

Тој во продолжение продолжи со споредбите на владата со бродот.

-Гледајќи ги партиите од владејачкото мнозинство, повеќе или помалку наликуваат на горните слоеви од овој брод, елитизам, глумење сила, еминенција, пари, а помалите политички партии од тој состав се оние патници сместени во долните слоеви, надевајќи се дека ќе бидат дел, дека ќе сркнат од сребрената лажица, иако помалите партии ништо не добија во оваа коалиција. Титаник бил потопен од санта мраз, а оваа влада за кратко време ќе биде потопена од санта мраз наречена македонски народ, истакна Јорданов.

Поврзани новости