Штип на 17 октомври ќе испорача победа и промена, затоа што Штип е предвесник на промените, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов, кој е кандидат за градоначалник на Штип.
-Реалноста во Штип е дека луѓето не веруваат, изнемоштени се, затоа ве повикувам ајде заеднички да ги донесеме промените, да го изградиме Штип со кој ќе се гордееме, ајде заеднички да бидеме сервис на граѓаните и да изградиме еден модерен Штип со кој ќе се гордееме – рече Јорданов.
Тој додаде дека граѓаните се подложни на уцени и закани само затоа што, според него, не се на иста линија со оваа актуелна власт.
-Ние имаме срце кое чука победнички и тоа ќе го покажеме на 17 октомври и Штип ќе победи. Ме прашуваат што ќе направиме, јас велам ќе склучиме коалиција со народот затоа што треба да бидеме нивен сервис да им ја вратиме надежта дека може и мора подобро – истакна Јорданов.