Јордан Митев раскажа за искуството од кога пееше против промена на името и откри дали вечерва ќе учествува на протестот

by fokus

Популарниот фолк пејач Јордан Митев нема да присуствува на вечерниот протест во Скопје, против „Францускиот предлог”. Тој вечерва имал веќе договорен настап во Вевчани, но и како што појаснува за „Фокус”, кога се протестите и ставот на естрадните личности околу нив, го сподели своето искуство во врска со настапот кој што беше организиран од страна на движењето ,,Бојкотирам” во 2018 година.

-Кога беше Референдумот за промена на името, истиот ден имаше протест организиран од движењето ,,Бојкотирам”. Тој ден додека траеше Референдумот, ми се јавија организаторите и ми рекоа

-Јордан, вечер ќе се собереме чисти и искрени Македонци кои сме против промена на името, никој не се нафаќа за да дојде да отпее една македонска песна. Дали ќе сакаш дојдеш?

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Јас реков, ќе дојдам. Ми рекоа колку тоа ќе не чини.

Јас им реков, како можам за таква работа да барам хонорар? Вие сте таму за својата земја и јас ќе бидам таму за истата причина.

Но, после тоа добив коментари со разни навреди, па колку ти платија, поени сум собирал и слично…
Од тогаш натаму си реков дека не вреди човек да прави некои работи, бидејќи не само што не се цени, туку и ќе те исмејуваат и понижуваат, бидејќи нашето општество е поделено на две тотално противни страни.

Ова тема за мене како Македонец е тешка и не би сакал дополнително да полемизирам. Јас како Македонец се што имав и имам да кажам кажав и кажувам преку мојата работа и моите дела – вели музичарот.

Додава дека според него, ова што се случува денес е резултат на голема негрижа кон нашата земја, несовесно работење, кое траело години наназад.

Јас сум против нашето уништување!!! Но, тоа не е од сега и од вчера, тоа е со години наназад и нашето несовесно работење во секој сегмент од нашето општество. Мислам дека треба да си признаеме дека не водевме доволно грижа за нашата земја. Секако, има и чесни Македонци кои работат и работеле искрено и правилно, но очигледно вагата одела повеќе на другата страна, па затоа и ова е резултатот – ни изјави Митев.

Вики Клинчарова

Поврзани новости