276
На седница на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз, за нов директор на партискиот Центар за истражување и анализа (ЦИА), избран е Јон Фрчкоски, синот на актуелниот амбасадор на земјава во ООН во оставка, Љубомир Фрчкоски.
Седницата на Централниот одбор се одржала онлајн, без физичко присуство на членовите на партиското тело, јавува „Слободен печат“ повикувајќи се на извори од СДСМ.
Функцијата директор на Центарот за истражување и анализа на СДСМ досега ја извршуваше Стефан Богоев.