Претседателот на Совтот на јавни обвинители, Антонио Јолевски во емисијата 24 анализа изјави дека во петок ќе има продолжение на собраниската седница за избор на јавен обвинител и ќе побараат од самото Собрание да се помести и да се усогласат за да се одржи седницата.
„И онака сме на граница на кворумот со осум членови со јавниот обвинител. Не знам зошто се повлекоа Фатиме Фетаи и Бурим Фустеми. Повлекувањето на Фетаи беше по нејзина одлука. Ние имавме и забелешки за Вишото обвинителство. Во овие две години како член и една година како претседател не сум добил податок во кое обвинителство кој кадар е предвиден. Го знаеме извештајот и тој се однесува и за основните обвинителства. Забелешките беа дека вишото обвинителство треба да ги зачести контролите врз основните обвинители. – рече Јолевски