425
Министерот за правда, Кренар Лога нема право да го бара записникот од Судскиот совет. Ова го истакна претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски гостува вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.
Според него, Министерството за правда е извршна власт и не треба да се меша со судската власт.
-Министерството за правда е извршна власт, судската власт е посебна, и тука веќе има мешање на власт. Според мене, министерот за правда нема овластување во делот на судската власт, па дали ќе му биде овозможено или дадено сепак тоа е работа на Судскиот совет, вели Јолевски.