736
Министерот за одбрана Зоран Јолевски се обиде да го прекине интервјуто за телевизијата АлсатМ откако не му се допаднаа прашањата од новинарката Наташа Стојановска.
За време на интервјуто за општата состојба и спремност на АРМ и за вклученоста на армијата во справувањето со поплавите, во еден миг, по консултација со вработен во неговата служба за односи со јавност, Јолевски сакаше да го прекине интервјуто.
Спорното прашање, кое се однесуваше за опремата која министерствата ја барале од странските амбасади по поплавите, е во 11-тата минута од видеото.