Јолевски: Не може понизок обвинител јавно да критикува повисоко обвинителство

by Fokus

Новиот претседател на Советот на јавни обвинители, битолскиот обвинител Антонио Јолевски смета дека треба да добијат ингеренции како Судскиот совет. Во разговор за „Фокус“ зборува за проблемите со кои се соочуваат, но и за (не)транспарентноста, недостигот од кадри, судирот со шефицата за организиран криминал, Вилма Русковска.

ФОКУС: Во Обвинителството има и многу рестриктивен Етички кодекс кој наиде на остри критики од невладиниот сектор, во кој им се забранува на обвинителите јавно да го критикуваат Советот или Јавниот обвинител. Зарем може да се бара од оние кои треба да ја водат битката против криминалот, да се замолчат?

ЈОЛЕВСКИ: Етичкиот кодекс е донесен по предлог на Здружението на јавни обвинители, кое ценело што треба да содржи во согласност со принципот на  субординација.

Тој се однесува на изнесување на непримерни коментари и невистини во јавноста. Ако ме прашате мене, не е во ред јавно да се излегува во јавноста, без да се праша, на пример, во Советот зошто нешто е така одлучено. Медиумите сигурно нема да можат да ги дадат одговорите, а многу посоодветен одговор ќе добијат ако се обратат до нас. Не мислиме дека на тој начин ги обесхрабруваме обвинителите јавно да говорат.

Но, во делот на конкретни предмети, нашето мислење го изнесуваме во одлуките. Сепак, не може понизок обвинител јавно да критикува повисоко обвинителство зашто му укинале одлука. Исто како што судија, од основен суд, да речеме, не може да го критикува повисокиот суд и да тврди дека немаат поим како да го применат законот. Тоа е навредливо и не е дозволен начин на комуникација.

Лошите одлуки може да ги коментира стручната јавност, но не и оној што ги работи и лично постапува. Не е убаво да се препукуваме во јавноста.

Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Разговараше Гордана ДУВЊАК

 

Поврзани новости