Јокиќ е најслабо рангиран играч на драфт кој стигна да биде МВП во финалето на НБА лигата

by Fokus

Кога станува збор за него, бројките некако се во втор план, кошарката на Никола Јокиќ е повеќе од статистика – негов заштитен знак се магични потези, асистенции, кошеви…

Сепак, таму каде што има свеж шампион во НБА и МВП на финалето, обично има рекорди и интересни бројки кои само потврдуваат какво патување имаше и колку доминантен беше центарот на Денвер Нагетс оваа сезона.

Она што се издвојува е фактот дека мајсторот на Денвер го однесе тимот низ плеј-офот и заврши со 600 поени, 269 скока и 190 асистенции.

Никој пред него во плеј-офот не успеа да биде најдобар кога се во прашање сите три статистички категории.

На патот до титулата во плеј-офот имаше просек од 30 поени, 13,5 скока и 9,5 асистенции, додека слични бројки имаше и во финалето против Мајами – 30,2 поени, 14 скока и 7,2 асистенции.

Како 41. пик, Јокиќ стана најслабо рангираниот играч на драфтот кој стигна до титулата МВП во финалето на НБА.

Интересно, на тој драфт во 2014 година во Бруклин, втор е избран Џабари Паркер, кој нема клуб од 7 јануари 2022 година и се раздели со Бостон.

Првиот беше Ендрју Вигинс, а трет беше овогодинешниот МВП на НБА, Џоел Ембиид.

Токму Јокиќ во претходните две сезони беше МВП на таканаречениот регуларен дел од сезоната, а годинава подигна уште две награди за најкорисен играч во финалето на Западот и големата НБА лига.

Со сето тоа тој е само шестиот кошаркар надвор од САД кој станал МВП на големото финале.

Пред него ваков подвиг постигнаа Јанис Адетокумбо (Милвоки, Грција – 2021), Дирк Новицки (Далас, Германија – 2011), Тони Паркер (Сан Антонио, Франција – 2007) и Хаким Олајџувон (Хјустон, Нигерија – 1994 и 1995 година).

Поврзани новости