494
Специјалниот пратеник на Германија за Македонија и амбасадор во Виена, Јоханес Хајндл, денеска и утре ќе биде во Скопје, каде што ќе разговара со претставници на четирите политички партии, потписнички на Пржинскиот договор, соопшти Германската амбасада во земјата.
Според соопштението, Хајндл ќе има средби и со амбасадорот на САД, Џес Бејли и со другите амбасадори од земјите на ЕУ.
Хајндл е актуелен германски амбасадор во Австрија. Тој пред 14 години работел како шеф на одделот за Југоисточна Европа и Турција во германското МНР.