Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 58-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека извршил други полови дејствија врз дете родено во 2008 година, со што сторил кривично дело согласно член 186 став 7 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ЈО.
„Во раните утрински часови денеска, осомничениот во парк во една населба го сретнал малолетникот со кого претходно се познавале и го повикал да разговараат, по што започнал да го допира. Малолетникот успеал да се извлече и го пријавил во полиција.
Со цел обезбедување на осомничениот и непречено водење на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска за јавување кај надлежен државен орган, одземање на патна и друга исправа за преминувањe на државната граница и забрана за воспоставување контакт со оштетениот. Судијата на претходна постапка попладнево ги прифати предложените мерки, информира Обвинителството.
Како што претходно објави „360 Степени“, Д.Х. е татко на портпарол на еден од поголемите политички субјекти во земјава.