163
Попладнево од Јавното обвинителство информираа дека вчера кај нив е пристигнато известување од Министерството за внатрешни работи и документацијата од Министерството за култура за наводната злоупотреба на буџетски средства од поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
До Јавното обвинителство вчера од Министерството за внатрешни работи е доставено известување и документацијата од Министерството за култура. Обвинителството веќе го проучува материјалот и ќе преземе дејствија, стои во информацијата од Јавното обвинителство.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во изјава за медиумите рече дека се уште нема новости од Јавното обвинителство во врска со овој случај.