ЈО: Ќе се проверува дали негувателка им давала да пушат електронска цигара на деца во градинка во Велес

by Fokus

Основното јавно обвинителство Велес оформи предмет по допрен глас за да се проверат информациите дека негувателка во детската градинка „Димче Мирчев“ Велес им давала да пушат електронска цигара на децата од нејзината група.

Во насока на испитување на евентуални основи на сомнение за кривично дело на запуштање и малтретирање дете, надлежен јавен обвинител издаде наредби и насоки до МВР за преземање на дејствија кои вклучуваат да се извршат разговори со лица (вработени и родители) кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот.

Се преземаат и други дејствија, а предметот е во фаза на предистрага, велат од ЈО.

 

Поврзани новости