ЈО: Извршен увид на местото каде беше пронајдено 28-годишно момче со прострелна рана на главата

by Fokus

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место во близина на семејна куќа на улицата „Гоце Делчев“ во Гостивар, каде синоќа беше пронајдено безживотно тело на машко лице на возраст од 28 години со прострелна рана во главата.

Како што соопштија од Јавното обвинителство, починатиот бил однесен во Ургентниот центар во Гостивар од неговиот татко и таму била констатирана смртта. Врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.

-При увидот на лице место се подигнати траги, како и оружје – пиштол кој ќе биде предмет на вештачење. По наредба на јавниот обвинител, обезбедени се видео записи од камерите на локалните објекти, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Оттаму посочуваат дека се преземени и други дејствија, од кои се очекуваат резултати за целосно расчистување на настанот.​

Поврзани новости