ВМРО-ДПМНЕ: Апсењето на Тодоровиќ е политичка хајка

by Fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека апсењето на поранешниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ е очаен обид на власта за дефокус од сопствените криминали. Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева изјави дека апсењето е неуспешен фолклор за притисоци за уставни измени под бугарски диктат, кои нема да се случат.

„Владимир Тодоровиќ не е градоначалник веќе 10 години, и исто толку време е надвор од политиката. Да се отвори случај после 10 години, а притоа во државата слободно да се шетаат вицепремиерот Артан Груби чие најтесно семејство купуваше имот на улица Македонија по багателни цени, дваесетгодишниот внук на Али Ахмети да вади неколку десетици милиони евра за да ја купи Соравија, кога Ден Дончев избега од државата иако јавно се виде на снимка како бега со туце пари, во моменти кога премиерот Ковачевски го трпа својот имот и неговата влада си дава концесии на неговото семејство, да потрошите околу 170 милиони евра или 10.5 милијарди денари и да изберете криминален надзор за коридоророт 8 и 10 д“, изјави Митева.

Таа рече дека дека при сето тоа власта и обвинителството да се занимаваат со Тодоровиќ, не е ништо друго туку брутална политичка хајка и паника во редовите на власта.

„Вардар не може да ги испере од одговорност и ќе одговараат за секој еден криминал, но и тие од обвинителството кои по своја волја наместо да спроведуваат закон, спроведуваат политички наредби на власта“, изјави Митева

Поврзани новости