Пак пропадна камион во фонтаната на Плоштадот Макадонија во Скопје. објави СДК. Од утрово, на Плоштадот се поставува бина и шатори за фестивалот на пивото „Пиволенд“ кој го организира Град Скопје. Еден од камионите кој носеше опрема пропадна и фонтаната сега повторно е искршена и оштетена.
Пропаднатиот камион не успеа да го крене ни пајакот кој дојде да го извлече.
„Приватен субјект со возило камион без дозвола неовластено влегол на плоштадот Македонија, по што е причинета штета на плочникот. Градот Скопје остро го осудува овој чин, ќе ги преземе сите законски мерки за извршување на инспекциски надзор како и за санкционирање, по што за причинетата штета врз јавните добра на плоштадот ќе се бара надомест на штета. Ваквото однесување од страна на поединци е недозволиво и за истото ќе се спроведат најстроги санкции“, соопшти Град Скопје.
Ова е трет пат да пропаѓа камион на Плоштад. Во 2017 пропадна камион додека се подготвуваше пречек на ракометарите на Вардар по освоената шампионска титула.
Фото: СДК