Кога минималната плата ќе стане 18.000 денари, сите плати треба да се усогласат, вели Димовски

by Fokus

Кога минималната плата ќе стане 18.000 денари, сите останати плати треба да се усогласат, не смее да се доближат минималните плати до оние класифицирани плати, вели претседател на ССМ, Дарко Димовски во „Студио 10“.

„Работниците не може да земат само 18.000 денари, ако им се впишат останатите додатоци. Знаеме вчера и изминатите месеци како се боревме, нас ни беше битно да се добие минималната плата и скалесто да се покачат сите плати, уште денеска се спремаат писмата до институциите каде ќе се напише ова што го зборувам, вели Димовски.

Тој додава дека нивниот предлог за покачување на плата на 18 илјади се водел по основ на потрошувачката кошничка од Заводот за статитика.

-Според нашата анализа проценивме дека минималната плата треба да биде 18 илијади и доколку во едно семејство има двајца вработени со минимални примања да можат да го поминат месецот, вели Димовски.

Поврзани новости