Од оваа година натаму нема да бидеме зависни од ниту една држава, сами ќе одлучиме согласно принципите на конурентност и дополнителни можности во делот на снабдување со енергенси што ќе ја зголеми безбедноста на нашата држава и ќе ја забрза интеграцијата во ЕУ- порача министерот за економија Крешник Бектеши, кој неодамна учествуваше на панелот „Инвестиции во енергетска транзиција и инфраструктура за здрава животна средина и европска иднина“.
Тој потенцираше дека во завршна фаза било ставањето на продуктоводот Скопје – Солун во функција, односно истиот добил лиценца за работа и можност да биде употребен по повеќе од една деценија.
Инаку, првичната цел на продуктоводот, беше пренос на сурова нафта, а сега, со последните измени на Законот за енергетика, преку него ќе може да се пренесува дизел горивото.
Според министерот, оваа година е многу важна за нас бидејќи од осамостојувањето на државата до денес, првпат ќе бидеме целосно независни од источниот дел во однос на снабдувањето со енергенси, посебно во делот на природен гас.
Вики Клинчарова