Лидерот на Народната странка (НС) Вук Јеремиќ, изјави денес дека опозицискиот Сојуз за Србија ќе биде формиран на почетокот од септември и дека првиот голем предизвик со кој ќе се соочи е Косово, бидејќи владејачката Српска напредна странка (СНС) се подготвува да потпише катастрофален договор со кој на Приштина ќе и се овозможи да стане членка на ОН .
“За да работата биде полоша, на преговарачката маса е размена на територијата, односно прекрјување на границите, според која Прешевската долина ќе припадне на самопрогласеното Косово , кое покрај останатото ќе стане и членка на ООН“ изјави Јеремиќ на телевизијата Н1.
„Непостои држава која е подготвена да ја промени својата граница во мир. Тоа е многу опасен преседан, бидејќи утре некој ќе побара некоја друга промена на границите – на пример во Санџак или кој знае каде “, рече Јеремиќ.
Говорејќи за највената коалиција на опозициони партии-Сојузот за Србија, тој посочи дека„ не станува збор за антиевропска конзервативна коалиција, како што некои сметаат“, и нагласи дека Народна странка не е против Европа, туку е за “градење на општество во Србија кое би изгледало онака како денес изгледаат модерните европски општества”.
Одговарајќи на прашањето дали Сојузот за Србија е за зачленувањето во ЕУ, Јеремиќ рече дека тие се залагаат за изградба на институции и дека државата треба да ги достигне европските стандарди.