Јелена Жугиќ: Се фаќате за „гумените куршуми“, а делата не ги гледате!

by Фокус

Актерката Јелена Жугиќ предизвика шок и неверување со статусот кој што го сподели на својот Фејсбук профил.

,,ДОСТА Е! Зошто државните институции не ги бранат општествените добра! Каде се гумените куршуми?,,

Освен обичните граѓани, на нејзиниот повик за употреба на гумени куршуми врз активистите од Шарената револуција, бурно реагираат и голем број од нејзините колеги од Драмскиот театар.

Нејзината колешка, актерката Сања Арсовска отворено на својот Фејсбук профил и го постави прашањето ,,На протестите за правда и слобода има околу 100 сегашни и идни актери, режисери и други театарски дејци. Е како бе Жугиќ утре ќе застанеш до нив на сцена, како? Ќе ги гледаш во очи или во лузните од гумените куршуми?,,.

zugic2

Заинтригирани од нејзиниот стаус, ја прашавме лично Јелена дали според неа гумените куршуми се решение и што би им одоговорила на нејзините колеги кои што ја прашуваат како ќе им погледне во очи.

,,А што е според вас решение? Прво, злоупотреба е од коментар на Фејсбук да се прават натписи, но за жал, Фокус досега никогаш не ми побарал изјава за моите актерски успеси, за успесите на Театар комедија кој што го водам, туку ме прашувате за статус на Фејсбук! Се фаќате за коментари, а делата не ги гледате! Јас ако дадам коментар за мојот статус, тоа повторно ќе го сторам на Фејсбук, и ќе си останам доследна на начинот на комуницирање,, – ни одговори Жугиќ.

Јелена е вработена во Драмскиот театар од 1997 година. Зад себе има многу одиграни улоги во театарски представи, но и филмски улоги во неколку ТВ серии и има добиено неколку награди за најдобра женска улога во неколку представи. Беше во брак со пливачот Александар Маленко со кого што има и син.

Вики Клинчарова