Песната ,,Јутро” на Јелена Томашевиќ годинава на „Охрид фест“ го добива признанието Песна за сите времиња.
Снимена е пред околу 20 години, а Томашевиќ вели дека наградата на Охрид Фест и е посебно драга, бидејќи се работи за песна која била еден вид на нејзина лична карта.
-Песната е антологиска, а наградата му припаѓа и на Жељко Јосимовиќ кој ја компонираше „Јутро“, го правеше аранжманот, ама и на Александра Милутиновиќ која го напиша текстот. И благодарам на публиката која ме сака, поддржува и слуша сите овие години, и благодарам бидејќи имам за кого да пеам, вели Јелена, која е честа гостинка во Македонија.
За тукашната публика, раскажува дека постои меѓусебна поврзаност, но потсетува и на поврзаноста со Тоше Проески, чија песна ,,Где да одем да те не волим” ја снимила на претходниот албум.
-Обожавам се кога ќе дојдам во Македонија- од луѓе, преку музика па се до храна, вели Томашевиќ, и додава дека иако со години е присутна на сцената, никогаш не била занесена со славата. Оваа наша работа е многу неизвесна, а популарноста- релативна, па се може многу бргу да се смени. Затоа е добро да не се занесувате со слава, истакнува пејачката.
Охрид Фест годинава ќе го има своето 31-во издание и ќе се одржи на 30-ти и 31-ви август на сцената на Долни Сарај во Охрид. Првата вечер е наменета за фолк музиката, додека втората е интернационална.
Вики Клинчарова
Фото Милош Надаждин