Српската поп пејачка Јелена Томашевиќ (39) ќе одржи концерт во кавадаречкиот Дом на култура ,,Иван Мазов – Климе” во петок, на 28-ми април. Настанот е со почеток од 20 часот, и е најавен како целовечерен концерт, а влезниците се продаваат по цена од 1.000 денари.
Таа и стана позната на пошироката јавност во 2005 година, кога ја отпеа песната ,,Јутро” која за неа ја напиша Жељко Јоксимовиќ. Во 2008 година пак, Јоксимовќ за неа ја компонираше песната ,,Оро” со која ја претстави Србија на Евровизија и го освои шестото место.
Во брак е со актерот Иван Босиљчиќ и ја имаат ќерката Нина.
Кога е Македонија во прашање, Јелена е честа гостинка. На осми март годинава настапуваше во локал во Струмица, а пак лани имаше настапи во Битола, Скопје, Струмица и Куманово.
Вики Клинчарова