Популарната хрватска поп пејачка Јелена Розга утре ќе настапи во Штип, на манифестацијата ,,Штипска пастрмајлијада’’.
Убавицата од Сплит, која во минатото беше дел од групата ,,Магазин’’ деновиве е актуелна во регионот и по веста за прекинот на свршувачката со виолончелистот Стјепан Хаусер, член на дуото ,,2 Cellos’’.
-Сакам да ги информирам медиумите дека Стјепан и јас решивме да ја прекинеме нашата врска и да тргнеме секој по својот пат. Зад нас ги оставам убавите спомени, и се свртувам кон иднината и новите животни радости. Им благодариме на медиумите за разбирањето, бидејќи за оваа тема не сакаме повеќе да зборуваме. Тоа е наша заедничка одлука, и ве молиме да ја испочитувате’’ – гласи соопштението кое вчера пејачката го достави до медиумите.
Покрај Розга, утре во Штип ќе настапат и српската фолк пејачка Тања Савиќ, и македонската група ,,Тоа е тоа’’.
Вечерва, како главна ѕвезда на настанот е најавена Лепа Брена, а свој настап ќе имаат и ,,Дивје јагоде’’ и ,,Есма бенд’’.
Вчера пак, пред посетителите настапија Сузана Спасовска, група ,,Акакдемци’’ групата ,,Галија’’ од Србија и ,,Кикимора’’ од Бугарија.
Од Општина Штип, која е организатор на настанот, изјавија дека се очекува да бидат изедени над 100.000 пастрмајлии во тек на тридневната манифестација.
Вики Клинчарова