Од 23-ти до 25-ти август во Општина Берово ќе се одржи традиционалната манифестација „Етно Плоштад Фестивал“ во чии рамки ќе се одржи и саемот на традиционални малешевски производи „Малешевијата на дланка“, а како главна музичка ѕвезда на настанот е најавена хрватската пејачка Јелена Розга.
Од општината, која е организатор на манифестацијата, најавуваат и ветуваат одлична тридневна забава со голем број на музичко-забавни артисти кои ќе ја забавуваат присутната публика и сите добронамерници кои ќе бидат дел од оваа традиционална манифестација.
-На 23-ти август (петок) на фестивалкската сцена ќе настапат голем број на културно уметнички друштва, КУД „Димитар Беровски“, КУД „Љубомир Ивановиќ Ѓеџа“ и етно група од градот Брус од Србија, културно уметнички друштва од збратимени општини. Свој настап ќе имаат и Здружението на пензионери од Берово, како и дечињата од детскиот музички фестивал „Малешевско ѕвонче“. А вечерта ќе заврши со познат DJ.
24-ти август (сабота) „Етно Плоштад Фестивал“ ќе започне со концерт на Камерниот оркестар од Битола со „Македонската рок симфонија“ каде на сцената ќе настапат: Дани Димитровска, Ружица од групата „Ареа“, Јасна Димитровска, Ана Петановска како и Сашо Паркет. Музичко-забавната програма потоа ќе продолжи со концерт на познатата македонска група „ДНК“ и настап на локалната безвременска беровска група „Штекица“.
И последниот фестивалски ден, 25-ти август (недела), на фестивалската сцена на градскиот плоштад „Димитар Беровски“ ќе настапат Филип Пецовски (од Ѕвездите на Гранд), Ангел и Иван и големата балканска ѕвезда Јелена Розга, информираат од Општина Берово.
Вики Клинчарова