749
Популарната хрватска поп пејачка Јелена Розга ќе одржи концерт во Скопје. Настанот е закажан на 10-ти февруари наредната година во арената „Борис Трајковски“, а влезниците веќе се пуштени во продажба и се продаваат по цени од 1.000 до 2.200 денари во ВИП делот.
Како што известуваат од организацијата – Скајмјузик, таа ќе настапи со песни од времето кога беше дел од групата „Магазин“, но и со хитови кои ги отпеа откако започна соло кариера.
Гостувањето на Розга е дел од нејзината турнеја „Минут срца мог“.
– Драги мои, во месецот кога ја славиме љубовта ќе бидеме заедно! Ве очекувам во арената `Борис Трајковски` и не можам да ви опишам колку се радувам, и колку заедно со мојот тим едвај ја чекаме таа посебна сабота! – порача пејачката.