Српската турбо фолк пејачка Јелена Карлеуша со концерт во Скопје ќе ја започне својата турнеја ,,Алфа и Омега”.
Настанот е најавен за 19-ти октомври годинава, во Арена Јане Сандански, а влезниците по цени од 1.000 денари, до 12.000 денари за ВИП пакети, веќе се пуштени во продажба.
Нејзиниот концерт е најавен како најголемо Балканско шоу кое ќе се случува во октомври во Скопје.
-Балканската мега ѕвезда, симболот за мода, феминизам, сексипилност, експлицитност…
Балканската дива чие шоу е недостижно и е далеку пред времето, турнејата ALPHA & OMEGA ја започнува од Скопје, пишува во најавата за настанот.
Карлеуша неодамна издаде два албуми, ,,Алфа” и ,,Омега”, кои ги промовираше на концерт во Белград кон крајот на минатата година. Тогаш концертот беше бесплатен, со многу сценски ефекти, голем број на танчери на сцената, а пејачката смени неколку аутфити. Беше емитуван на шест национални телевизии.
Вики Клинчарова