Јелена Ѓоковиќ дојде во Скопје

by Fokus

Сопругата на тенискиот ас Новак Ѓоковиќ, Јелена, синоќа беше во Скопје. Нејзината посета е по повод промоцијата на документарниот филм „The Wisdom Of Trauma“ во киното Cineplexx, проект во продукција на „Новак Ѓоковиќ фондација”, каде Јелена е програмски директор.

Покрај неа, панелисти на настанот беа и Игор Јуриќ и Смиљана Грујиќ.

Документарецот на д-р Габор Матео предизвика голем јавен интерес, не само во Скопје, туку и во целиот регион, каде изминатиот период се организираа предавања организирани од фондацијата на Новак. Станува збор за тематика околу колективната траума која го погодува друштвото, но и најважната врска, помеѓу мајка и дете.

Матео Габор по професија е доктор кој работел во акушерството, но и на палијативна нега, па има изјавено дека гледал како се преплетуваат раѓањето и смртта. Автор е на бестселери и има освоено бројни награди.

„Новак Ѓоковиќ фондација“ веќе две години носи светски признати експерти во регионот, кои зборуваат на теми околу развојот на децата, со цел да се подигне свеста на родителите, но и на друштвото.

Програмата „Поддршка, не перфекција“ пак, фондацијата ја спроведува шест години.

Вики Клинчарова

Поврзани новости