Психолози од Норвешка дојдоа во Белград да помогнат во справување со последиците по убиствата во училиштето „Рибникар“

by Fokus

Тим од психолози, психотерапевти и архитекти од Норвешка, кои се справија со траумите на своите граѓани по масакрот на Андрес Брејвик кој уби 77 студенти, пристигна во Србија и ќе остане два дена. Тие денес има средба со претставници на Владата на Србија.

Тие дојдоа да им помогнат на психотерапевтите кои работат со ученици, нивните родители и наставници по масакрот во училиштето „Рибникар“, што се случи на 3 мај.

„Гостите ќе бидат два дена во Белград. Нема да работат директно со децата. Ќе видиме каков е планот кога ќе ја завршат посетата“, изјави Тамара Џамоња Игњатовиќ, членка на Работната група за поддршка на менталното здравје и Безбедноста на младите, која беше формирана по убиството на девет ученици и чуварот на училиштето.

 

Игор Ѓорѓевиќ, претседател на Советот на родители на „Рибникар“ за српеските медиуми изјави дека тимот од Норвешка по обиколката на училиштето им рекле дека според нивното искуство објектот треба да ја задржи својата намена, односно да остане училиште.

„Но,тој еден дел, тој каде што се случило злосторството и допрва ќе се утврдува колкав е тој дел, треба да се претвори во место посветено на споменот на жртвите. Ова беше само запознавање и прва средба.

Ќе има разговори со родителите на повредените деца, повредените, како и со родителите чии деца биле најтрауматизирани, односно кои во моментот на злосторството биле во училницата и виделе се, како и со Советот на родители. Ќе се разговара и со луѓе од Институтот за ментално здравје, експерти од областа на архитектурата за да се дојде до конечно решение“, изјави Ѓорѓевиќ.

Претставниците на меморијалниот центар Утоја на родителите и претсавници од училиштето со кои разговарале им кажале дека комбинацијата на едукативниот центар, кој се уште е жив, и меморијалниот дел се покажал како добар во нивниот случај.„

Ни кажаа дека центарот се уште функционира како едукативен центар, а го посетуваат и родителите на жртвите, но и многу други кои сакаат да го посетат спомен-обележјето. Би сакале на сличен начин да се спроведе и кај нас“, изјави Ѓорѓевиќ.

Брејвик на 22 јули 2011 година уби 69 лица, главно тинејџери, во Утоја и уште осум во Осло, а во 2016 година беше отворен едукативниот центар mMemorial во Утоја дел од кафулето во кое Брејвик убиваше и деца.

 

Поврзани новости